КАРПОШ - ПРИМЕР ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА НА ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКИТЕ И ШКОЛИТЕ

Избалансираната исхрана и подготвување мени на децата од предучилишна и училишна возраст, на студентите во студентските домови како и менито наменски изготвено за пациентите во болнички услови, беше главна тема на петтиот по ред -НУТРИКОН 2018, меѓународна конференција за безбедност на храна. Таа, овој пат, се одржа од 13 до 15-ти јуни 2018-та година во хотелот „Гранит“ во Охрид, и опфати повеќе од 20 земји учесници и приближно 200 учесници. Општина Карпош, на овој исклучително значаен Конгрес за контрола и безбедност на храна, здравје и нитриционизам, беше претставена преку своето овластеното лице за контрола и безбедност на храна во градинките и основните училишта на територијата на општината м-р Ирена Калајџиева – Милевска. Настанот беше во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ кој воедно е и Регионалната секција на EHEDG (Европското тело за хигиенски инженеринг и дизајн) чиј институционален член е Општина Карпош.

Особен интерес кај присутните и дискусија поттикна Проектот на дипломираниот нутриционист Надица Илиевска и проф. д-р Валентина Павлова од Факултетот за технолошко-технички науки при Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ кој се одвиваше годинава во соработка со основните училишта на територија Општина Карпош и операторот за храна во Општината - Ванила Фуд. Светската научната фела го оцени овој проект прогресивен и позитивен од аспект што, менито кое се изработи за децата во нашите основни училишта, не само што ги исполни сите законски барања од земјава, туку беше воведен и нов прогресивен пристап заснован на законските регулативи на Европската Унија.

По дискусијата беше заклучено дека оваа тенденција на грижа за здравјето на децата преку исхраната мора да продолжи, да се надградува, и за таа цел беа прифатени сите забелешки кои присутните ги посочија. Како завршен документ и оваа година беше издадена ,,Книгата на апстракти“ од научните и стручни трудови на сите учесници на овој настан, во чиј организациски Комитет како нејзин член е и претставникот на Општина Карпош м-р Ирена Калајџиева – Милевска.

Работно време

Понеделник до Петок: 7am - 4pm
Сабота: 
Недела: 

Контакт

тел:  02/3061-123;

тел:  078/255-948;
Email: contact@vanillafood.com.mk
Бул. 8-ми Септември 8-2/4, 1000 Скопјe

Контакт

 

Контакт форма

Информација

Секој работен ден од 7am - 4pm

тел:  02/3061-123;
Email: contact@vanillafood.com.mk

Адреса

Ванила Фуд
Бул. 8-ми Септември 8-2/4, 1000 Скопјe